Министерот за правда Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Палевски

Министерот за правда Кренар Лога го потпишал барањето за екстрадиција на Палевски и откако истото ќе биде преведено на турски јазик, веднаш ќе биде испратено до Министерството за правда на Република Турција, информираа од Министерството за правда.

Тие очекуваат соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување што е можно побрзо. 

Во соопштението од Министерството за правда се наведува дека очекуваат Турција веднаш да постапи по нивното барање за екстрадиција.

„Министерството за правда ја започна постапката за екстрадиција и ја прибира целата документација од институциите што е потребна за нејзино спроведување. Воспоставени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје со цел соодветно комплетирање на досиејата за тоа како може да постапи Министерството за правда. Се координираме со сите надлежни институции да постапат веднаш и нема да чекаме да истече рокот од 40 дена за поднесување барање за екстрадиција“, соопштија од ресорот правда.

Како што и е познато на јавноста, Палевски беше уапсен вчера во Турција, поточно во градот Баликесир.

06.12.2023 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега