Министерот Спасовски ќе учествува на Сараевски миграциски дијалог 3 во Босна и Херцеговина

 

Во текот на следните два дена, (7-8.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од Министерството за внатрешни работи во работна посета на Босна и Херцеговина, а на покана на министерот за сигурност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ,  за учество на Сараевскиот миграциски дијалог 3. Притоа, министерот Спасовски ќе има изјава за босанксите медиуми и ќе оствари билатерална средба со босанскиот колега Нешиќ.

Министерот Спасовски ќе се сретне и со македонската дијаспора во Башчаршија, а на покана од амбасадорката на Шведска во Сараево, H.E. Johanna Strömquist, тој ќе присуствува на прием по повод Националниот ден на Шведска.

Следниот ден министерот Спасовски ќе се обрати на Министерска сесија во рамки на Сараевскиот миграциски дијалог 3.

06.06.2023 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега