Министерот Сали ја посети Дебарската болница, која првпат доби мамограф

 

Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која со здравствена услуги ја покрива и општина Центар Жупа. 

-Денеска сме во посета на болницата во Дебар со цел да го предадеме во употреба апаратот-мамограф. Редовно комуницираме со здравствените установи кои не информираат што им недостига, за подобра здравствена заштита. Во разговор со директорката на оваа установа бев информиран дека приоритет е обезбедувањето ваков апарат, за навремено дијагносицирање на рак на дојка, кој ќе биде во служба и на жителките од соседните општини, рече министерот Сали. 

Според него, дигиталниот апарат е  во вредност од 45 илјади евра, производство е на „Сименс“ и  е со висока ефикаснст. 

-Упатувам  апел до сите жени од 45 до 63-годишна возраст од поширокиот регион да се јават во оваа установа во рамки на програмата за скрининг. Исто така со оваа програма се опфатени и жени на возраст од 24 до 45 години кои имаат предиспозиција за оваа болест,  посочи Сали. 

Директорката на болницата Севдие Коџа изрази благодарнот од име на установата и од, како што рече, сите жени до министерот и до ресорното министерство.

-За нас како установа ваков апарат беше повеќе од неопходен. Благодариме на грижата на министерот и министертвото, со чие залагање дебарската болница првпат во историјата на постоењето добива ваков апарат, рече Коџа.

Коџа и Сали, како што информираа, разговарале и околу проблемот со недостигот на одредени кадри во болницата.

09.02.2023 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега