Екс директорот на ЦЈЗ Охрид заработи кривична - незаконски ангажирал лица со договор за дело

 


СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(61) од Охрид, поранешен директор на ЈЗУ-Центар за јавно здравје-Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, во 2023 и 2024 година презел службени дејствија ангажирајќи лица со договор за дело, без да обезбеди финансиска согласност од Министерството за финансии а на кои редовно им биле исплаќани приходи, со што ги пречекорил границите на своите службени овластувања.

20.03.2025 - 18:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега