УХМР со најнова прогноза: Поројни дождови и силен ветер за претстојниот викенд
Времето утре наутро студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
20.03.2025 - 18:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа