Министерот Бектеши на конференција во Тетово
Во организација на Институтот Либерална алтернатива и Economic Fundamentals Initiative од САД денеска во Тетово ќе се одржи конференцијата #EconLit2023.
На конференцијата ќе стане збор за економската писменост и образование, ќе дискутираат експерти, а ќе учествува и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Предвидени се три сесии на различни теми. Во фокусот на првата сесија ќе биде моменталната состојба на економската писменост во Северна Македонија и ќе се идентификуваат сите предизвици или иницијативи за нејзино подобрување, втората сесија ќе се осврне на квалитетот и ефективноста на економското и финансиското образование во средното и високото образование, вклучувајќи ги и најдобрите практики за предавање на овие концепти, додека тема на третата сесија ќе биде прашањето - како економското и финансиското образование може да се искористи за поттикнување на претприемништвото и иновациите.
-Целта на конференцијата е да промовира поголемо разбирање на економските концепти и да го поддржи развојот на ефективни интервенции за економска писменост во Северна Македонија, наведуваат организаторите.
Пред почетокот на настанот се планирани изјави за медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа