Милков: Пендаровски зборува за 12 убиени Македонци, а не знае за илјадници убиени Бугари

 

Шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков во интервју за БНТ ја прокоментира изјавата на претседателот Стево Пендаровски.

– Како доктор по историја можам да кажам дека ако има жртви на едната страна, спомнува 12 лица, би споменал илјадници луѓе кои биле убиени, 300.000 протерани меѓу двете војни. Сигурно слушнал за Голи Оток, каде по Втората светска војна стотици Бугари биле интернирани и загинале само затоа што имале бугарска самосвест. Немаат поим за нивната историја, бидејќи тие сѐ уште не ги отвориле архивите на нивните тајни служби, можеме да им помогнеме во тоа ако сакаат  рече Милков.

Во понеделникот по седницата на Советот за безбедност, прашан да ги коментира изјавите на Милков дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе, претседателот Пендаровски рече дека изјавата е грозна и единствено може да биде точна ако мисли на периодот од 1941 до 1945 година.

 Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција – рече претседателот Пендаровски.

 

26.01.2023 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега