Милков: Не можеме да прифатиме дека Пендиков е наркоман и дилер и дека бугарски клубови се финансираат од трговија со дрога

 

Шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков вели дека Софија ќе ги преземе сите мерки за случајот „Пендиков“.

Вели, кога се случил нападот врз секртарот на клубот „Цар Борис Трети“ првично владеела паника и на различни нивоа препознале оти се работело за кривично дело од омраза.

За Милков неприфатливи се тврдењата дека Пендиков бил наркоман и дилер, иако Јавното обвинителство одамна го истражува за кокаин.

-После тоа почнаа да се исценираат сценарија дека Пендиков е наркоман и дилер, а најхрабрите тврдеа дека бугарските клубови се места на организиран криминал и дека се финансирани од трговија со дрога. Ова е наратив што не можеме да го споделиме и ќе ги преземеме сите мерки, вели Милков за БНТ.

Во однос на прославата на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев двете држави, но главно институциите во Македонија мора да останат смирени и да се воздржат од какви било провокации за да се обезбеди потребниот ред, а секој што сака да оди и да се поклони.

-Што се однесува до контранападот против Ангел Џамбазки и други наши политичари, мислам дека ова е дел од некој нов македонски наратив да се направи така што нападот против Бугаринот прво да се минимизира, а систематските напади врз бугарските клубови и заедници таму ескалираат. Сѐ започна со усвојување на репресивен закон таму, продолжи со подметнување пожар за што е добиена условна казна, по што следеше пукање, а сега и физички напад врз лице кое е припадник на бугарската заедница. Таму сакаат да ни наметнат поделена вистина. Од двете страни на границата има луди глави. Не може да има такви аналогии, рече Милков.

 

26.01.2023 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега