Мијалков доби слобода и во „Трезор“
Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков и останатите обвинети во случајот „Трезор“ добија ослободителна пресуда.
По четири години од првата пресуда, но и измените во Кривичниот законик за случајот беше објавена нова првостепена пресуда.
„За обвинетиот Сашо Мијалков, за обвинетиот Горан Грујевски, за обвинетиот Тони Јакимовски се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат“, рече судијката Имране Селмани.
Таа појаснуваше и како се работел предметот.
„Одново прашањата се разјаснува од 15 февруари 2022 година. Судот постапувајќи во повторената постапка, согласно напатствијата од Апелација, закажа и одржа повеќе главни расправи. Обвинителството изврши и измена во однос на правната квалификација во однос на делата, на начин што сега, Сашо Мијалков и Горан Грујевски, сториле злоупотреба на службена положба и овластување… Наместо дејствието искористување на службената положба, се товарат за пречекорување на границите на службената положба“, додаде судијката.
За Небоша Стајковиќ била стопирана постапката, оти му застарело делото.
Со првата прсуда која беше укината, Мијалков доби – 8 години затвор, а Горан Грујевски (поранешен началник на Петтатта управа во УКБ) – 15 години, Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години, Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години.
Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Предметот беше вратен на повторно судење од скопска Апел
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа