Михајловски: Системот е урнат, мора да се спроведат реформи

 

Адвокатот и претседател на Адвокатска комора Љубомир Михајловски Џанго во емисијата 24 анализа рече дека од осамостојувањето на државата досега живееме во некакви реформи и ги спроведуваме во фази со различни учесници.

- Во правосудството има повеќе чинители. За да направите реформи, пари ќе се најдат. Основно за да изградите се кадри и мора држаата да изгради кадар на лидер којшто ќе ги осмисли и поведе тие реформи. Треба да имате кадри кои ќе бидат вториот ешалон кој ќе ги спроведува реформите, кадри што се на трето ниво што ќе бидат директни учесници во постапките. И ви треба кадри кои ќе обучуваат нови кадри. Многу пари се дадени, милиони евра и долари посебно од Американците за обука на различн профили и од тие ние не успеавме да ги изградиме сите овие кадри за да имаме квалитет. Системот е урнат, систем на избор, на едукација, работење, за да го кренеме ни треба човечки ресурси. - вели Михајловски.

05.12.2022 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега