Мицотакис положи заклетва и го започна својот втор мандат како премиер, вети дека ќе го врати кредитниот рејтинг на Грција
Кирјакос Мицотакис, откако по убедливата изборна победа положи заклетва за својот втор мандат како премиер, им вети на своите сограѓани дека ќе го врати кредитниот рејтинг на Грција, ќе отвори нови работни места и ќе ги зголеми платите и владините приходи.
Неговата централнодесничарска партија Нова демократија освои 40,5 отсто од гласовите, или 158 од 300 места во парламентот, на повторените избори во неделата, повеќе од 20 процентни поени повеќе од левичарската партија Сириза, која ја предводеше земјата од 2015 до 2019 година. вклучувајќи го и врвот на десетгодишната економска криза.
„Се обврзав дека во овој втор мандат ќе постигнеме големи промени, кои толку и се потребни на земјата“, и рекол Мицотакис на претседателката Катерина Сакеларопулу откако официјално го добил мандатот за формирање влада, пренесува Н1.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа