Мицкоски: Во јуни ќе биде поставен темелник на инвестиција вредна 500 милиони американски долари

 


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека 2024 година заврши со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што повторно по глава на жител сме држава со најголем број на странски инвестици во регионот, можеби на некого не му одговара но тоа е факт, и повторно за многу кратко време ја консолидируваме, се консулидираа таа политика и таа политика ќе продолѓи и во годината која што следи бидејќи посебно во последните недели имаме голем бран на компании кои што се заинтересирани да инвестираат овде во Македонија и во слободните ТИРЗ зони но и надвор од нив, и навистина сум пресреќен тие познаа дека ова Влада води пробизнис политика и сака да поддржува отварање на нови работни места, добро платени места, врочем и сега мора да се добро платени работните места бидејќи конкуренцијата на пазарот на труд е немилосредна, но добро е што имаат доверба и оваа година исто очекувам висока бројка, не би сакал сега да лиферувам со бројки но знам дека една инвестиција почнува со работа овој месец, другата почува со работа во Штип во април месец, во мај ставаме камен темелник, во јуни повторно камен темелник.

Така секој месец една до две ќе има или пуштање во употреба или камен темелници на нови инвестиции, рече премиерот Мицкоски.

Мицкоски информираше дека во месец јуни ќе биде поставен темелник на инвестиција вредна 500 милиони американски долари, инвестиција на Алкараз, во делот на производството на електрична енергија.

-Во јуни ставаме на Алказар точно, тоа се половина милијарда американски долари инвестиција со што конечно ќе имаме поголемо производвство на електрична енергија од тоа што го трошиме, што навистина ќе претставува за мене голем успех, бедејќи тоа беше едена од моите лични цели да произведуваме повеќе отколку што трошиме електрична енергија, значи ќе извезуваме и голем процент од таа електрична енергија ќе биде во обновливите извори односно така наречена зелена енергија со што ќе го зголемиме и тоа производно портфолио. При крај се законите што ќе се најдат во собраниска процедура, законот за енергетика, енергетска ефикасност, појасни Мицкоски.

05.03.2025 - 12:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега