Мицкоски: Рекордни исплати на субвенции, земјоделците ги добиваат заслужените средства навреме
Буџетот за субвенции за земјоделството, исплатата и дисциплината се како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, а исплатите се тековни, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.
-Во последниве недела, две се исплатени околу 240 милиони денари субвенции на оние што се занимаваат со сточарство и со пчеларство. Ценам дека вака ќе продолжиме и во периодот кој што следи и дека земјоделците навремено ќе го добијат тоа што го заслужуваат, рече Мицкоски во одговор на прашање при денешната посета на Свети Николе.
Потсети дека тутунарите веќе добија историски највисока цена за откуп на тутунот од 400 денари.
- Се беше откупено како прва категорија, плус добија 100 денари дополнителна субвенција, рече Мицкоски и додаде дека реколтата е повисока од 21 милион килограми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа