Мицкоски: Постигнавме истористи договор за раст на платите на наставниците
„Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител за зголемување на платите на наставниците и професорите во основното и средно образование.
Премиерот Мицкоски истакна дека до 2028 година платите во образованието ќе пораснат за 46 проценти споредено со сега.
„Четиригодишен договор кој што за прв пат имаме начин на кој се нивелираат и се зголемуваат платите на наставниците во основното и професорите во средното образование, кои што минимум до крајот на овој договор а тоа е месец март 2028 година ќе пораснат 46 проценти споредено со сега“, посочи Мицкоски.
„Сега ќе бидат 5 проценти за октомвриската плата, март следната година 7 проценти и ова се минималните бројки, март 2026 7 и пол проценти, март 2027 година 7 и пол проценти, и март 2028 година минимум 10 проценти, а доколку буџетот дозволи и 12 и пол проценти. Сето ова во процентуална прогресија дава вкупно нето зголемена плата од 46 проценти минимум“, изјави Мицкоски.
17.10.2024 - 21:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа