Мицкоски: Однесувањето на опозицијата е глупаво - нема никаков основ за интеперлација на Гаши

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата на собранискиот спикер Африм Гаши. 

Одговарајќи на новинарско прашање кажа дека однесувањето на опозициските партии е незрело и глупавво и нема апсолутно никаков основ за интерпелација.

– Апсолутно, нашиот став е јасен како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши. Ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива. Имаме голем број аргументи зошто тоа не треба да го направиме затоа што разликата на водењето на Македонија на оваа Влада и онаа влада предводена од СДСМ и ДУИ е огромна, односно тоа веќе и се чувствува и насекаде можете низ Македонија да забележите дека надежта кај граѓаните е дека конечно ќе успееме, дека доста се порази и дека конечно ќе почнеме да победуваме, рече Мицкоски.

Левица поднесе интерпелација за собранискиот спикер која утре ќе се најде како прва точка на дневениот ред. Интерпелацијата доаѓа по трите скандали во кои беше замешан Гаши. Тоа е случајот на Меѓународниот аеродром во Скопје со косовската претседателка Вјоса Османи, косовската свадба и верскиот обред во собраниска сала.

02.09.2024 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега