Мицкоски го осуди обидот за атентат врз Трамп: Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски го осуди обидот за атентат врз поранешниот претстедател на САД, Доналд Трамп. Тој на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посака побрзо опоравување и заздравување.

20-годишниот Томас Метју Крукс од Пенсилванија, отвори оган кон поранешниот претседател од покрив на објект оддалечен 130 метри од митингот на Трамп, објавија американските медиуми.

Напаѓачот беше застрелан од агенти на Тајната служба.

 

14.07.2024 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега