Мицкоски денеска во работна посета во Обединетите Арапски Емирати

 


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.

Премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација ќе остварат средба со претседателот на ОАЕ воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, Н.В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чијашто покана и се остварува оваа посета на ОАЕ.

Премиерот Мицкоски и владината делегација ќе остварат средба и со Н.В. Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ.

За време на посетата, планирани се повеќе средби на највисоко ниво, како и средби со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, како и средби со неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија.

14.04.2025 - 09:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега