Миа Костова во акција: Собра над 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа

 

И кога државата не може, народот може. Една од најпознатите инфлуенсерки во државава Миа Костова, собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид Индов само за пет часа.

„Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на овие хумани луѓе, мали бизниси, разни услуги и нивната несебичност“, вели Миа Костова која организира донаторска акција за да се соберат што е можно повеќе пари за лекувањето на Леонид Индов.

Инфлуенсерката Миа Костова денес (22.02) организира хуманитарна акција преку нејзиниот профил на Инстаграм, а парите од собраните донации ги намени за лекувањето на Леонид Индов (19) во Австрија, кој лани се здоби со тешка повреда на три пршлена додека со другарите беше на летување во Грција, пренесува crnobelo.com.

 

Откако таткото на Леонид пред неколку дена кажа дека државата не одобрила 140.000 евра, пари за лекување на неговиот син, во јавноста почна масовно да се споделува број за донации, за да се соберат средствата и да му се помогне на семејството, бидејќи 19-годишното момче е веќе во Австрија.

Таа на својот Инстаграм профил објави повик до сите мали бизниси, компании и поединци, кои се подготвени да дадат некаков производ или услуга како донација, а парите да ги уплатат на сметката за лекување на Леонид, да ја контактираат, па таа ќе ги објави нивните понуди кај себе.

Миа вели дека акцијата засега тече одлично и има огромен одзив, а на нејзиниот профил се стигнати околу 250 донаци за само 5 часа.

22.02.2024 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега