Мемет почина како „невидлив“ за системот
Продавачот на „Лице в лице“, Мемет Камбер почина на 19-годишна возраст без лична карта, а неговата прва посета во болница беше и последна, објави „Лице в лице“.
Александра Ефремова од Здружението на млади правници за „Лице в лице“ вели дека е несфатливо, во 21 век, да починат млади луѓе како „невидливи“ за системот и покрај нивната заложба да бидат интегрирани во општеството.
- Само промена на овие закони може да донесе системски решенија за овие наши сограѓани. Потребно е да имаат право, да им се овозможи како адреса на живеење да се впише адреса од центар за социјална работа, или адреса на општината каде живеат. Тоа го има и во други држави. Или, пак, да се олесни пакетот документација потребен за личен документ, вели Ефремова.
Законот за измени и дополнување на закон за лична карта и Закон за пријавување на живеалиште, се подготвува уште од почетокот на пандемијата, но сè уште не е донесен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа