Меџити: Тепачката во Тетово е поради нерешени лични проблеми

 

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска во изјава за медиумите појасни дека вчерашната тепачка пред болницата во Тетово била поради лични нерачистени проблеми меѓу инволвираните лица и дека нема никаква врска со болницата. 

Во однос на здравствената состојба на повредените, Меџити информираше дека двајцата повредени се наоѓаат на КАРИЛ и дека едниот е во потешка состојба, а другиот е полесно повреден. 

-Според информациите од директорот на болицата во Тетово, едниот е во потешка состојба, а другиот во полесна состојба. Тие се на Карил, на одделот за анестезија и реанимација. Останатото ќе го расчистат МВР и Обвинителството. Овој случај нема никаква поврзаност со здравството или со Болницата, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.  

Вчера околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово беше пријавено дека пред влезот на Ургентниот центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани.

12.01.2024 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега