МБА: Банките и штедилниците прават проценка и секоја од нив ќе донесе одлука за евентуално менување на каматните стапки

По најновото зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, од Македонската банкарска асоцијација (МБА) велат дека банките и штедилниците ги следат сигналите на монетарната политика и оти секоја од нив прави проценка и ќе донесе одлука околу евентуалното менување на каматните стапки на кредитите и депозитите.

– Нашите членки, банките и штедилниците, ги следат мерките и сигналите на монетарната политика и секоја од нив, во зависност од своите деловни политики и конкретните околности на пазарот прави проценка и одлука околу евентуално менување на каматните стапки на кредитите и депозитите, се вели во одговорот од Македонската банкарска асоцијација.

Во секој случај, велат од МБА, во дадениот макроекономски амбиент, пред се на глобално ниво, ова е очекувана мерка од нашата Централна банка.

Народната банка денеска соопшти дека по априлското зголемување на основната каматна стапка, сега е направено дополнително зголемување за 0,25 процентни поени и таа сега е на ниво од 1,75 проценти. При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања

11.05.2022 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега