Маж зад решетки: Полицајците му најдоа пушки и куршуми
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 и Фалсификување пари од член 261 од Кривичниот законик.
Осомничениот, во својата куќа во селото Шипковица, неовластено држел автоматска пушка и две рамки со 12 куршуми со калибар 7,62мм. При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и фалсификувани парични средства во вкупен износ од 4.020 евра и 300 франци, кои осомничениот ги фалсификувал со намера да ги пушти во оптек.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа