Маж во Хрватска пукал кон луѓе – повредени повеќе лица, еден загинат
Во населбата Канак во Сисак, Хрватска маж пукал со огнено оружје кон луѓе.
Како што потврди полицијата, повредени се повеќе лица, а едно починало, пишува Индекс.
Во моментот полицијата трага по сторителот кој е во бегство и се води кривична истрага.
Во тек е гаснењето на пожар на три згради поврзани со овој настан.
Местото е обезбедено, населбата е блокирана, а голем број полицајци се на терен.
Се очекуваат повеќе информации.
01.07.2023 - 22:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа