Маж од Мексико се јавил во полицијата и признал убиство од пред 15 години: „Беше добар човек, не заслужи“

 

 

Тони Пералта се сметаше за осомничен за убиството на сопственикот на станот во кој престојувал, Вилијам Блеџет, кога исчезна во декември 2008 година, соопштија властите во Розвел, Ново Мексико. Но неговото тело никогаш не било пронајдено, никој не бил уапсен и случајот завршил во фиока.

Тоа се промени минатиот месец кога 37-годишниот Пералта зел телефон, повикал полиција и го признал убиството што го извршил пред речиси 15 години, пишува „Си-ен-ен“.

„Многу луѓе имаат изговор, јас немам“, им рекол на детективите, како што стои во записникот.

Пералта се јавила во полицискиот оддел во Розвел на 1 мај. Во емотивната сцена која е снимена од страна на полицијата тој постојано признава дека го убил Блеџет, дури и наведувал кое оружје го користел и каде го закопал телото на жртвата. Пералта се соочува со обвинение за убиство од прв степен, соопшти окружното обвинителство на округот Чавез.

„Едноставно ми е смачено од прикривање. Уморен сум да го живеам својот живот, господине“, му рекол Пералта на полицаецот во објавеното видео, додавајќи дека чувството на вина го поттикнало да им се јави.

„Убив човек. Го убив со шрафцигер“, изјавил подоцна во собата за сослушување.

Пералта плачел додека разговарал за деталите за случајот со властите.

Синот на Блоџет, Грег, пријавил дека неговиот татко исчезнал на 3 јануари 2009 година, откако никој во семејството не можел да контактира со него повеќе од 10 дена. Полицијата во тоа време дознала дека мажот имал проблем со закупецот, подоцна идентификуван како Пералта, и се обидел да го избрка. Детективите го испрашувале Пералта, но не откриле ништо за време на испрашувањето.

Пребаруван бил домот и населбата, полицијата разговарала со соседите и со помош на куче го пребарала теренот, но ништо не било најдено. Возилото на Блеџет сè уште стоело паркирано дома и немало промени на неговата банкарска сметка.

На крајот полицијата соопшти дека случајот застраел и го затвори.

Пералта им кажа на властите во мај дека земал апчиња и ги испил пред да повика полиција, само за да се отвори.

„Признавам. Не сакам да живеам без признание“, рече тој.

„Беше добар човек и не го заслужи тоа што му го направив. Тој секогаш беше добар со мене, а јас му го одзедов животот без причина“, рече тој.

Полициското видео покажува дека Пералта ги води полицајците до домот во Розвел каде се случило злосторството. На делумно заматеното видео се гледаат и полицајци со лопати како копаат.

„Еве ги чевлите“, се слуша гласот на еден од нив.

Властите на местото на настанот пронајдоа неколку коски, меѓу кои и череп. Пералта повторно ќе се појави на суд на 21 август.

 
05.06.2023 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега