Масовни дојави за бомби на неколку локации во Крагуевац: Цел на училишта, факултети и јавни претпријатија
Дојави за поставена бомба биле пријавени на десетина локации во Крагуевац, Србија, потврдуваат од полициската управа за српските медиуми.
Првата дојава за бомбата била пријавена денеска околу 11.30 часот, а досега вакви повици во крагуевачката полиција добила од „десетина локации“, потврдиле за Нова.рс од Управата на полицијата.
Извештаи за поставена бомба пријавија средни училишта, некои факултети, јавни претпријатија и приватни компании.
Од полицијата велат дека граѓаните се евакуирани од сите локации и дека на терен се увидни контрадиверзантски екипи, објавија српските медиуми.
Според неофицијални информации на Нова.рс, дојава за поставената бомба добиле во Првата и втората крагуевачка гимназија, Палатата на правдата, Фиат, како и Лидл.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа