Масовен народен собир во Србија: Вучиќ побара минута молк за убиените деца

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на почетокот на своето обраќање пре присутните на собирот побара од сите присутни да ги спуштат транспарентите и знамињата.

-Денеска, како и сите претходни денови, мора да има молк за сите наши деца кои загинаа во училиштето „Владислав Рибникар“, за нивниот чувар Драган, за сите наши деца од Дубона и Орашје, за секој живот што е одземен насилно и затоа ве молам сите да ги наведнете главите и со едноминутно молчење да им оддадеме почит на сите жртви во овие два масакри, рече Вучиќ.

Тој се заблагодари за поддршката.

 

-Ви благодарам што дождот што паѓа цел ден не ве избрка од овде, рече на почетокот Вучиќ и додаде дека покажува колку се подготвени „да се борат за мирна и пристојна Србија“.

Вучиќ додаде дека ова е последната вечер кога се обраќа како претседател на СНС, чиј верен член ќе продолжи да биде, но од утре ќе биде само претседател на Србија, но не и на партијата.

-Единаесет години верно и лојално служев им служев на мојата земја и народ. Можеби поверно и полојално отколку што некои од вас можат да замислат. Единаесет години сум на чело на СНС, најдобрата, најголемата партија на прекрасни домаќини, чесни луѓе, рече тој.

Дел од српските медиуми објавија дека на овој собир излегле 200.000 луѓе.

26.05.2023 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа