Мароко: Новородено бебе извлечено од урнатините на разорниот земјотрес

Од час во час се зголемува бројот на жртвите од разорниот земјотрес во Мароко.

Спасувачите и жителите со денови се обидуваат да спасат што е можно повеќе луѓе во операциите за пребарување.

На социјалните мрежи е објавено видео кое ја враќа вербата во животот – го прикажува спасувањето на новороденче од урнатините на зграда.

За среќа, новороденчето било извлечено живо и здраво. И овој настан покажува дека и покрај сите трагични работи што го снашле Мароко, има трошка надеж, пренесуваат медиумите во светот.

Бројот на загинатите во разорниот земјотрес што го погоди Мароко достигна над 2.600, се наведува во соопштението на полицијата.

Жителите со раце копаат низ урнатините за да најдат преживеани, три дена по разорниот земјотрес.

Илјадници жртви на земјотресот залудно чекаат помош, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до оддалечените села во близина на епицентарот, се наведува во информациите на медиумите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Morocco World News (@moroccoworldnews)

11.09.2023 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега