Маричиќ: Ако поддржиме закон за продолжување на пасошите ќе внесеме правна несигурност

 

Во вечерашната Топ Тема првиот вицепремиер Бојан Маричиќ истакна дека ние никого не сме известиле дека нашите патни исправи не важат, туку едноставно стапиле на сила роковите од Преспанскиот договор.

„Ние треба да гледаме од аспект на граѓаните. Со законот само дополнително се внесува правна несигурност и проблеми на границите може да имаат граѓаните. Се додека немаме официјално известување од ниту една држава членка на ЕУ“, смета тој и истакнува дека за враќање во државата најсигурно е со патен лист така никој нема да им прави проблем на граѓаните.

-Врз основа на статистиката до сега имаме издадено околу 1.350.00 пасоши, овој месец заклучно со оваа недела се пристигнати речиси 300.000 нови обрасци. Тие обрасци обезбедуваат една динамика за секој да се печатат пасоши до јуни. Тоа значи дека на 1.350.000 ќе се додадат уште 300.000. Во јуни пристигнува нова тура обрасци од околу 300.000 и практично до септември ќе се издадат околу 1.900.000 пасоши. Што е и вкупниот број на граѓани, бидејќи пасоши не вадат сите и не се заинтересирани да имаат пасоши, рече Маричиќ.

Тој вели дека не му е помило строгото спроведување на Преспанскиот договор, но дека ниту една држава, освен Швајцарија нема испратено на писмено дека може со стари пасоши нашите граѓани да ја напуштат државата. Маричиќ повтори дека во три соседни држави може да се патува само со лична карта, но во Босна и Херцеговина и во Црна Гора само со нова.

26.02.2024 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега