МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

 

Агенцијата за лекови МАЛМЕД претпладнево издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ наменет за пациентите со цистична фиброза, потврди за МИА директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

Тој истакна дека се завршени сите процедури за одобрување на увозот на лекот и сега останува уште да се реализира постапката.

Согласно претходните најави од Владата, во случајов станува збор за интервентен увоз на „Трикафта“ наменет за осумтемина најкритични пациенти заболени од цистична фиброза, додека за обезбедување на редовно снабдување со лекот за сите останати заболени потребни се законски измени.

Владата информира дека веќе е подготвен Предлог-закон за измена на правилата за јавни набавки, со кои би се овозможиле директни преговори меѓу државата и компанијата единствен производител лекот „Трикафта“ и кој треба да биде усвоен од страна на Собранието.

20.02.2023 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега