Македонската сеизмолошка опсерваторија предупредува: Што да правите во случај на земјотрес
„По случениот земјотрес изутринава во град Скопје, на 23.09.2024 година, во 02:02 часот по локално време, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, кој ги вознемири жителите на град Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места, ја користиме оваа прилика да се потсетиме на мерките за заштита од земјотрес.
Ве замолуваме да го скенирате следниот QR код, кој ќе Ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес“, велат од Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ – Скопје и додаваат:
„Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ – Скопје нуди стручни предавања од оваа област на ученици и останати заинтересирани лица. Можете да не контактирате на нашата фб страница, како и на нашата Веб страна seismobsko.pmf.ukim.edu.mk, или пак на е-пошта [email protected]
Со ова известување упатуваме и апел за пополнување на прашалникот за почуствуван земјотрес во случај на почуствуван земјотрес од Ваша страна, а ваквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа