Македонска статистика: Пред 10 години имало 3 пати помалку разводи отколку денеска

 

Во минатата 2023 година имало помалку разводи на браковите во тетовскиот регион во споредба со 2022 година, но, многу повеќе во споредба од пред десет години во 2013 година.

Според податоците на Основен суд Тетово во 2022 година имало 507 разводи на бракови, додека во 2023 година се бележи одредено намалување и имало 482 разводи.

Споредбата на разводите со статистиката од пред десет години односно во 2013 година покажува огромно зголемување. Според базата на податоци МакСтат при Државен завод за статистика во 2013 година имало само 172 разводи.

Во текот на 2023 година според показателите на Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово каде сите бракоразводни постапки треба да се обидат да се надминат со помирување, тоа било успешно во пет случаи. Постапките во оваа установа се водат поради потреба и можност за од помирување на бракови каде има малолетни деца.

-Од 95 бракоразводни постапка, процедурата е прекината во пет слуачи со оглед дека е извршено помирување на сопружниците, додека има и 23 спогодбени разводи, информираат од Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.

Основен суд Тетово за 2022 година има заведено 521 тужба за развод на брак од кои 507 се решени, а за 2023 година има заведено 573 тужби за развод на брак од кои 482 се решени

 

27.02.2024 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега