Македонија се дави во корупција во друштво со Индија

 

Корупцијата и понатаму е еден од најголемите проблеми за земјата. Во најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл од вкупно 180 земји, С Македонија се најде на 85-то рамо до рамо со Тунис и Индија.

Северна Македонија e рангирана на 85 место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на Транспаренси Интернешнл.

Во однос на лани земјава напредувалата за една позиција. Северна Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја.

Од државите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 41 место, Грција е 51, Црна Гора 65, Бугарија 72, Косово 84, Србија е 101, а Босна и Херцеговина е на 110 место.

Најмалку корупција, според Транспаранси интернешенел, има во Данска, Финска, Нов Зеланд и Норвешка, а најкорумпирани земји во светот се Јемен, Либија и Северна Кореја.

31.01.2023 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега