Македонија пред топлотен бран: Температурите денеска до 38°C

 


Времето во текот на денов ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови.

Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје се очекува слично време - сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.

Според синоптичарите, следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе достигне до 40 степени Целзиусови.

01.07.2025 - 08:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега