Македонец скапо плати за кражба на бензин во Швајцарија
Македонец скапо ќе плати откако украл бензин во Швајцарија.
36-годишниот маж во септември 2024 година наполнил 22,35 литри бензин на бензинска пумпа во Рајнфелден, но избегал без да ја плати сметката од 40 франци.
По пријава од бензинската, јавното обвинителство му пресудило за ситна кражба и му изрече казна од 607,20 франци. Тоа е 15 пати повеќе од вредноста на бензинот, а сумата ги вклучува казните и полициските трошоци.
Во Швајцарија, кражба до 300 франци се смета за ситна.
09.04.2025 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа