Македонците се враќаат за Велигден: Гужви на Табановце
На граничниот премин Табановце изминатиот викенд влегле и излегле скоро 37 илјади македонски државјани, а во истиот период влез и излез оствариле над 32 илјади странски државјани, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека во периодот од 11 април до денеска влегле 23 139, а излегле 13 845 македонски државјани. Во истиот период влегле 19 679, a излегле 12 891 странски државјанин.
Пред празничниот викенд почнаа да се враќаат македонските државјани кои работат во земјите од Западна Европа. Најголем дел од нив се враќаат токму пред Велигден за да ги поминат празниците со најблиските.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа