Мајката на Коста се обидела да отпатува за Охрид

 

Mајката на момчето убиец кое изврши масакар во основното училиште во Белград, сакала да влезе во Македонија за да го посети Охрид, соопштуваат српските медиуми.

Мајката на Коста Кецмановиќ пробала да ја премине границата минатиот викенд и да ја напушти Србија. Таа не планирала да ја носи ќерката на море во Грција како што се претпоставуваше, туку во посета на Охридското Езеро.

Поради истрагата против неа која што се уште е во тек, српските служби ја вратиле назад од граничниот премин и не го дозволиле нејзиното преминување.

30.06.2023 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега