Лоша пресметка: Македонската економија лани паднала повеќе отколку што беше објавено

Економијата лани паднала за над 6%, а не за 4,5 како што се мислеше досега. Во соопштението на статистика за БДП во третиот квартал од оваа година, прв пат се прикажуваат претходните податоци за минатата година и според нив економијата лани загубила 6,1% од вредноста споредено со претходната 2019 година, анализира Сител.

Или во апсолутни бројки, наместо 10 милијарди и 800 милиони евра како што се мислеше досега, економијата лани создала 10 милијарди и 665 милиони евра или кусокот изнесува 135 милиони евра.

Не само Владата и Народната банка, туку и меѓународните институции сметаа дека македонската економија лани загубила 4,5% од вредноста и проекциите за оваа година ги правеа врз основа на тоа. Сега се поставува прашањето, дали проекциите ќе бидат изменети. 

Инаку, по објавувањето на статистика дека економијата во третиот квартал пораснала за 3%, се огласи вицепремиерот за економски прашања Битиќи кој на ФБ напиша дека стапките на раст за 9 месеци од 2021 се во рамки на прокециите. 

„Иако БДП не секогаш ја дава целосната слика и јас не сум поборник да се водиме само по него како показател, сепак бројките не лажат. Имаме пораст, имаме заздравување на економијата проследено со константно зголемување на платите“, наведува Битиќи.

08.12.2021 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа