Локализиран пожарот кај Трогир, изгореле 12 хектари

 

 

Пожарникарите денеска во попладневните часови го локализираа пожарот во месноста Близна Горња во Хрватска, која припаѓа на општина Марина, но дел од нив ќе дежураат цела ноќ на местото на пожарот, информираше командирот на противпожарната оперативна зона Трогир, Марин Бубле.

„Во пожарот изгореа 12 хектари претежно ниска и средна вегетација и малку бор, но пожарот не ги загрози куќите“, изјави тој.

Во текот на денот овој пожар бил гаснет од 60 пожарникари, 15 противпожарни возила и две летала.

По локализирањето на пожарот, поголем дел од пожарникарите го напуштиле местото на пожарот, а дел од нив ќе дежураат цела ноќ, изјави Бубле.

18.07.2023 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега