Лога од БиХ: Членството во ЕУ е единстениот пат за напредок и иднината на двете држави

 

 

Министерот за правда, Кренар Лога оствари средба со неговиот колега, министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза, со кого разговараа за заедничките предизвици во областа на правдата и европската иднина на нашите две земји.

На средбата се разговараше за реформите во правосудството, владеењето на правото, зголемувањето на транспарентноста и враќањето на довербата во судството, при што беше констатирано дека дека двете земји се соочуваат со слично проблеми.

Посебно внимание беше посветено на дигитализацијата на судството.

„Министерот Буноза нè информираше за системот CMS со кој судовите многу успешно работат. Тоа докажува дека кај нив дигитализацијата на судството е поразвиена отколку во Република Северна Македонија“, е истакнато во соопштението од Министерството за правда.

Двајцата министри се согласија дека единствен пат за напредок и остварување на целите за иднината на државата и граѓаните е членството во Европската Унија.

05.09.2023 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега