Ладен туш и од Герџиков: Не исклучувам вето за Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ за да се отрезнат политичарите

„Не сакам екстремни мерки, но можеби треба да одиме таму – да наметнеме вето за да се отрезнат овие политичари. Не го исклучувам тоа“. Ова го истакна претседавачот на 39. Народно собрание, правникот проф. Огњан Герџиков за бугарската Нова.

Причина за неговите зборови е ескалацијата на тензиите против Бугарите во РСМ.

„Бугарија не можеше на светот да му ја покаже состојбата на односите и историската вистина со Република Македонија, додека тоа го правеа Македонците. Работите се длабоко вкоренети долго време. Во Македонија се разви посебен шовинизам, антибугарски чувства. Ова е многу деликатна тема, тука е потребен многу дипломатски пристап. Губат повеќе, со оваа конфронтација им го пресекуваат или барем го одложуваат патот кон ЕУ. Зошто да отстапиме од имињата на бугарските културни клубови – Ванчо Михаилов и цар Борис Трети“, праша Герџиков.

03.02.2023 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега