Курти: Мерките на ЕУ кон Приштина се неправедни, нема компромис со владеењето на правото и уставноста

 

 

Премиерот Албин Курти рече дека Косово не може да прави компромиси ниту со владеењето на правото, ниту со уставноста на земјата, па затоа ќе продолжи да ја спроведува програмата на својата влада, додавајќи дека се надева оти привремените мерки на Европската унија ќе бидат краткотрајни, пишува Коха, пренесува КоСсев.

Курти овие мерки ги нарекол неправедни.

„Тоа не се санкции, но точно е дека тоа се привремени, но и нефер мерки, бидејќи Косово и неговата влада се најдемократска, најпроевропска и најнапредна државна и извршна власт. Од друга страна, имаме постојана конфронтација со различни форми на агресија од Србија, која е автократска и проруска држава и која не се соочи со своето криминално минато на територијата на поранешна Југославија, каде што предизвика четири војни. Во секој случај, ние си ја работиме работата, но да не заборавиме дека не можеме да правиме компромиси ниту со владеењето на правото, ниту со уставноста на нашата држава, затоа ќе продолжиме да ја спроведуваме нашата владина програма и се надеваме дека овие времени мерки ќе бидат многу кратко за да се поддржи и европската помош. Косово е земја на која и треба поддршка во својот развој“, рече тој.

Курти понатаму рече дека Косово е подготвено и заинтересирано многу повеќе од Србија за нормализација.

„Масата за дијалог е за спроведување на договорот за целосна нормализација и за деескалација. Подготвени сме, многу повеќе од другата страна, за нормализација со де факто признавање, за меѓусебно признавање, но заинтересирани сме и подготвени за деескалација на ситуацијата за која јавно зборував на сите јазици“, рече тој.

02.07.2023 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега