Куманово одбележува 79 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош
- Меѓу светлите ликови на борци – револуционери, кои во текот на народноослободителната борба ги даде нашиот град посебно место му припаѓа на легендарниот командант Христијан Тодоровски Карпош. Христијан растеше и се формираше во револуционерно Куманово, кое меѓу двете светски војни зазема видно место во комунистичкото и синдикално движење во Македонија. Роден е на трети септември 1921 година во Куманово, се школува во Куманово. Во текот на НОВ, по извршените подготовки од месниот комитет на кумановската партиска организација на 12 октомври излегуваат првите партизански одреди, козјачкиот и карадачкиот. Христијан е припадник на козјачкиот партизански одред. Кумановски партизански одред е формиран 1943-та година, а за командант бил избран Христијан Тодоровски Карпош. Тој водел значајни борби и загинува на денешен ден 1944 година во село Биљача, прешевско,рече историчарот во НУ Музеј Куманово, Марија Живачки.
Мимоза Величковски од Здружението на борците рече дека идните генерации кумановци и Македонци не смеат да го заборават народниот херој и неговото дело.
- Куманово може само да се гордее и не смееме никогаш да го заборавиме, рече Величковски.
Куќата музеј на Христијан Тодоровски Карпош била отворена на 4 јули 1979 година. Изминатиов период, 2018 и во 2019-та година со средства обезбедени од Министерството за култура, спомен куќата беше реновирана, а музејската поставка беше обновена со значајни историски експонати. Музејот е отворен за посетители секој работен ден.
Христијан Тодорвски Карпош за народен херој бил прогласен на 29 јули 1945-та година и тој еден од осумте народни херои на Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа