Ковачевски: Законска обврска е техничката влада
Премиерот Ковачевски изјави дека техничката влада е законска обврска каде 100 дена пред изборите каде тој како Претседател на Владата ќе поднесе оставка.
-Јас ќе ја исполнам мојата законска обврска исто како што другите претседатели ја исполниле. Сметам дека не постои причина ВМРО-ДПМНЕ да не ја исполни својата законска обврска, вели Ковачевски.
Тој рече дека од 2016 година имаме изборни процеси кои се од сите оценети како исклучително демократски.
-Северна Македонија на 24 април и 8 мај ќе има демократски избори на кои граѓаните ќе ја изразат својата демократска волја, додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа