Ковачевски: Се заработува на грбот на граѓаните - компаниите кои не сакаат да испорачаат леб се тие кои добија најголеми субвенции за струјата
Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека компаниите кои не сакаат да произведуваат и испорачуваат леб се тие компании кои добија најголеми субвенции за електричната енергија.
Рече дека одлуката е донесена врз основа на законите за трговија, за заштита на потрошувачи и заштита од конкуренција.
-Сите законски одредби ќе бидат искористени. Ние тоа го кажавме и на прес-конрефенцијата, дека прво ќе настапи замрзнување на цената на овие основни прехранбени производи, потоа ќе бидат искористени и други мерки. Морам да искажам разочарување од дел од производителите коишто, бевте сведоци, беа објавувани сметки дека таков тип на леб некои го продаваат и по 50 денари во доцни ноќни часови. Се заработува на грбот на граѓаните. Во вакво време кога сите треба да покажеме солидарност, тоа по мене е нешто најлошо што може да го направи една компанија, рече Ковачевски.
Тој им се заблагодари на оние фирми кои ја почитуваат владината одлука за замрзнување на цената.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа