Ковачевски: Пријавите за бомби се дел од хибридните закани кои зачестија по агресијата на Русија врз Украина
Премиерот Ковачевски вели дека зачестиле „хибридните закани“ по руската агресија во Украина и дека тоа е причината поради која е тешко да се откријат дојавувачите на бомбите во училиштата.
Нагласи дека ваквите лажни дојави за бомби не се случуваат само кај нас, туку и во други држави членки на НАТО и оти целта е да се креира паника.
„Не е толку едноставно да се идентификуваат сторителите. Има индиции и доколку има финални резултати и ако сторителите се наоѓаат во државата, секако дека ќе бидат изведени пред лицето на правадата“, рече Ковачевски.
Денеска МВР веќе уапси едно малолетно лице и го осомничи за „тероризам“ откако утврди дека тој е едно од лицата кои лажно пријавувале бомби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа