Ковачевски: Постојат позитивни сигнали за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на маргините од третиот Самит на Европската политичка заедница во изјава за медиумите ги пренесе пораките од средбите кои ги оствари за време на Самитот, како и пораките од учеството на тркалезната маса каде освен премиерот Ковачевски, учествуваа и лидерите на Шведска, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Хрватска, Лихтенштајн, Бугарија и Албанија, како и Европската комисија и Европскиот парламент.

„Учеството на третиот Самит на Европската политичка заедница кој се одржа денес, во Гранада беше одлична можност за значајни дебати и дискусии за актуелни прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес, потоа со безбедносните предизвици, дигитализацијата, напредокот на Европа во насока на градење на транспарентни општества и тоа во време на силни геополитички превирања на европскиот континент. Како што напоменав и на почетокот на денот, многу е важно што овој самит на Европската политичка заедница се случува ден пред неформалниот Совет на ЕУ, на кој присуствуваат лидерите на сите земји членки на ЕУ, кои денес беа присутни заедно со сите други земји од Европа и на состанокот кој се одржува утре, исто во Гранада на кој лидерите од ЕУ ќе започнат дискусии за приоритетите на Унијата во следните години, односно ќе дискутираат со цел да ја подготват стратешката агенда на ЕУ за годините кои следат“, изјави Ковачевски.

„По нашите дискусии денес, тие утре ќе разговараат за проширувањето како стратешка определба на ЕУ, како и за внатрешната реформа во насока на тоа проширување, односно за реформа која ќе овозможи Унијата да фунцкионира со нови земји членки кои ќе пристапат во периодот пред нас до 2030 година“, додаде Ковачевски.

05.10.2023 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега