Косовската полиција: Убиени тројца напаѓачи, уапсени пет лица
Косовската полиција соопшти дека во размената на оган загинале тројца напаѓачи, а еден е уапсен.
Дополнително, како што се наведува, уапсени се уште четворица осомничени во атарот на селото Рударе, при што биле пронајдени средства за комуникација кои, како што се тврди, се поврзани со „криминални групи“.
Се додава дека е пронајдено поголемо количество оружје, муниција и разновидна опрема.
Во соопштението се наведува дека безбедносната состојба во атарот на селото Бањска се’ уште е тензична и дека „нападите со огнено оружје врз полициските единици продолжуваат со ист интензитет“, пренесува новинската агенција „Танјуг“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа