„Колку години се случува ова?“- пациентите од Онкологија побараа детална истрага и доставија листа на барања до обвинителите

 

Тројца пациенти од Онкологија денес разговараа со двајцата обвинители кои ја водат предистрагата за случајот со кражбата на лекови на онкологија.

Пациентите ги повикаа сите кои имаат било какви сомневања и информации да одат во Обвиниелството или пак да контактираат со нив.

„Отворено ве повикуваме, не се плашете. Придружете ни се, дојдете на следната средба, споделете ја вашата приказна, дајте личен придонес, воедно ќе им помогнеме и ним да ја вршат истрагата. Или истото направете го на следниот телефон 076 304-872 на овој телефон ќе бидат запишани вашите податоци по што ќе ве контактира јавен обвинител или преку електронска пошта [email protected]“, порачаа пациентите по средбата.

Пред обвинителите посочиле кои лекови недостасуваат на онкологија и кои недостасувале во минатото, а нагласиле и дека истрагата мора да биде длабока, детална и да се врати години наназад.

Тие на состанокот со обвинителите доставија листа на барања, во која се наведува неопходноста да се направат детални испитувања и длабински да се прочешлаат историите на пациентите, бројот на истории кои се чешлаат. Прашуваат колку години наназад се случува ова. Побараа и по случаен избор да се изберат онколошки пациенти кои ќе имаат континуиран увид во истрагата и од истрагата ќе сведочат за веродостојноста.

На обвинителите им дале насоки за дополнителни лекови за кои сметаат дека треба да се испитува.

Пациентите и вечерва во 19 часот ќе протестираат пред Обвинителството, коментирајќи дека се оградуваат од политика.

07.09.2023 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега