Колев: Сакаме Бугарин на чело на Обвинителството во Охрид
Лидерот на партијата Граѓанско демократска унија (ГДУ), Петар Колев бара Бугарин да раководи со Јавното обвинителство во Охрид.
Тој во интервју за Радио Благоевград, кое го пренесува БНР, оцени дека агресијата во Македонија е со институционално покровителство.
Меѓудругото, ги посоветува македонските власти да се зафатат со промена на Уставот.
„Место да се занимава македонската влада и македонската држава со такви, никому ненужни глупости, би ги посоветувал да се зафатат со промена на Уставот, да ги впишат Бугарите во Уставот, да ги гарантираат нивните права. При што, првата задача, согласно со пописот, ги очекуваме првите назначувања на Бугари во Министерството за внатрешни работи и во Обвинителството. Првото што го бараме, е главниот, односно градскиот обвинител во Охрид, согласно со последниот попис, да биде Бугарин. Како што во другите градови се Албанци, Турци, Власи итн. Ние сакаме во Охрид одговорниот градски обвинител да биде Бугарин. Тогаш да видиме дали некој ќе тргне да врши такви престапи“, рече Колев
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа