Колапс на аеродромот во Подгорица, патниците минуваат низ хаос: „Дојдете да видите што е пекол“
Граѓанскиот активист Александар Драгиќевиќ на Фејсбук објави дека има колапс на аеродромот во Подгорица и нема персонал кој ќе ги води патниците.
Од аеродромот во Црна Гора за „Вијести“ велат дека има ограничувања во квалитетот на услугата кои се директно условени од состојбата на инфраструктурата.
„Дојдете во Црна Гора, драги туристи, да видите што е пекол. На аеродромот ПГ има колапс, нема персонал да води, пред неколку часа беше јасно дека ќе стане гужва. Патниците апелираа да се испрати некој да ги насочи, кога веќе се крена гужва еден час по апелот, праќаат некој што не знае англиски и потоа почнува целиот пекол. Зошто не уфрлите уште еден непознат партиски кадар да за да го блокирате целосно?“, рече Драгиќевиќ.
Аеродромите на Црна Гора соопштија дека „Црногорските аеродроми се способни безбедно да ги опслужуваат сите потреби на дојдовниот сообраќај, со ограничувања во квалитетот на услугата кои се директно условени од состојбата на инфраструктурата“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа